Култура Струга

Во Вевчани промовирани Избраните дела на писателот Бранко Цветковски

Струга, 23.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Клубот на пензионери во Вевчани вчера се одржа промоција на Избраните дела во шест тома од Бранко Цветковски.

Промоцијата беше организирана од страна на Академијата за убави уметности.

Бранко Цветкоски е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.

Роден е на 21 јуни 1954 година во с. Слатино, Дебарца, Република Македонија. Завршил Филолошки факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Цветковски има богато работно искуство. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, а исто така, бил главен уредник на книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“ од Прилеп, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, уредник-продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 130 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка акдемија и нејзин кординатор за Македонија, член на Академијата на убавите уметности – Вевчани. Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци во: Бугарија, Турција, Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, Кина, Црна Гора, Словачка, Чешка, Азербејџан, Украина, Унгарија, Шведска итн.(Крај)

извор:ОхридПрес  фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука