Македонија

Хуманитарен велеслалом „Маврово 2016“ за децата од Детско село

Скопје, 16. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во годината кога СОС Детско село Македонија го прославува својот јубилеен 15 роденден, во годината кога се прославуваат 15 години СОС Детско село Македонија, заедно со Ски центарот „Заре Лазаревски“ од Маврово ќе се организира Четиринаесетиот аматерски хуманитарен велеслалом „Маврово 2016“, оваа година посветен на дечињата од СОС Детско село Скопје.

Средствата од котизацијата за учеството на велеслаломот ќе бидат наменети за СОС Детско село Македонија и ќе придонесат за унапредување на квалитетот на згрижувањето и секојдневните активности и живеење на децата.

– И доколку не сте скијачи, можете да ја поддржите нашата хумана мисија, со донација во рамките на вашите можности, или со уплаќање на целосната котизацијата за учество. Без разлика и ако не учествувате во трките, одвојте време и проследите ги натпреварите, на чист воздух, на белиот снег, во живописното Маврово, апелираат од СОС Детско село. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука