Спорт

ЛШ: Започнува нокаут фазата во елитното натпреварување

Париз, 16. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – По зимската пауза денеска започнува елиминационата фаза од Лигата на шампионите,Бенфика во Лисабон го пречекува Зенит, додека ПСЖ во Париз е домаќин на Челзи.

ПСЖ на овој меч нема да смета на десниот бек Ориер, кој е супендиран, поради навредливите коментари упатени на сметка на тренерот Блан и соиграчите Ди Марија, Ибрахимовиќ и Ван дер Вил.На другиот меч во Лисабон, Бенфика ќе го пречека Зенит, кој со пласманот во осминафиналето стигна до најголемиот успех во Лигата на шампионите.

Утре на програмата се дуелите Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург.Следниот вторник се два дерби меча, Арсенал-Барселона и Јувентус-Баерн Минхен, додека следната среда ќе играат ПСВ-Атлетико Мадрид и Динамо Киев-Манчестер Сити. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука