Свет

Путин во посета на Грција

Атина, 27. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе престојува во посета на Грција.

Пред посетата тој загрчкиот весник „Катимерини“ оцени дека Грција денес е важен партнер на Русија во Европа. Тој потсети дека во февруари во Рим директорите на „Газпром“, на италијанската „Едисон“ и на грчката „ДЕПА“ потпишале меморандум за разбирање за пренос на руски природен гас преку Црното Море и трети земји до Грција и Италија. Путин вчера во Москва разговараше со српскиот премиер Александар Вучиќ. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука