Избор Струга

Планинарски марш “Црн Камен 2016” на Јабланица

Струга, 5. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Планинарско – еколошкото друштво „Закамен“ од Струга денес го организираат традиционалниот Планинарски марш “Црн Камен 2016” на планината Јабланица.

Маршот ќе се изведе по повод одбележувањето на 5-ти јуни, Денот на животната средина. Ќе се планинари до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен, кој се наоѓа на 2258 метри надморска височина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Zakamen

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука