Култура Струга

Шестите „Струшки книжевни средби“ во знакот на 155 годишнината од Зборникот на Миладиновци

Струга, 2. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Mанифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“ ќе се одржи од 7-ми до 9-ти јули 2016 година во Струга, Охрид и Вевчани.

На 7-ми јули, четврток, започнува програмата во Вевчани, на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БиХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска…

Потоа ќе има претставување Хрватското книжевно друштво од Риека – хрватска поезија; „Морето со бревиjарот пред да заспијам“ со: Хрвојка Миловановиќ Салопек, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Жаклина Глибо, Никола Шимиќ Тонин, Анте Грегов, Љубица Рибиќ и Мирјана Мајиќ.

Во Црквата „Св. Никола“ ќе се одржи Портрет на Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – лауреат на наградата „Книжевна далга“ за 2016 година. Промотори ќе бидат: Мишо Китановски и Васил Тоциновски. Песни од творештво на наградените ќе чита Верица Мукоска, а предвидена е и промоција на книжевните списанија „Хелис“ – (Романија) и „Нестор“(Полска). Промотори: Ѓорѓи Добре, Тоде Илиевски, Олга Лалиќ-Кровицка и Васил Тоциновски.

На 8-ми јули, петок, манифестацијата продолжува во Струга во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со изложба, Христо Петрески слики „Луѓе и птици“. За поставката ќе говорат Васил Тоциновски и Искра Пенева.

Ќе се одржи Беседа на др Хрвојка Михановиќ Салопек (Хрватска) – 155-те години од излегувањето на Зборникот на македонски народни песни (1861-2016) и чест на браќата Миладиновци. Песни од Зборникот ќе чита артистот Ристе Миладин.

На програмата е и Промоција на наградените книги „Грлици“ од Васил Тоциновски и „Златна прашина“ од Зоран Пејковски по Kонкурсот, што по 6-ти пат беше распишан за наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“. Промотори: Мишо Китаноски и Славчо Ковилоски.

Додека во Спомен домот на браќата Миладиновци во Струга ќе се одржи настанот „Книжевна Пловидба“ – Симпозиум на тема; Билингвалните (дводомни) писатели – Мост меѓу јазиците и народите. Воведничар ќе биде мр. Александра Јуруковска.

За Анѓелко Крстиќ, Милисав Антониевиќ – Дримколски, Виктор Шеќероски , Никола Цинцар Поповски, Коста Абраш и Асен Каваев, ќе говорат проф. д-р. Васил Тоциновски, Мишо Китаноски, проф. д-р. Христо Петрески, проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, Искра Пенева и Мирче Нешовски. Ќе биде одбележан Јубилеј: 65 години од излегувањето на списанието „Современост“(1951-2016). Промотори Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе има промоција на поетската книга „Љубовна сиромаштија“ од Аника Илијевска Георгиевска. Промотор: Љубинка Донева; Промоција на списанието „Браничево“ (Србија) и на Ревијата за книжевност „Бранувања“ со промотори Билјана Миловановиќ Живак и Петко Шипинкаровски и промоција на романот „Лососот плови низводно“ од Билјана Миловановиќ Живак, промотор: Петко Шипинкаровски.

На 9 јули, сабота во Струга пред Црквата „Свети Ѓорѓија“ ќе се одржи Поетски хепенинг, со настап на учесниците на манифестацијата Струшки книжевни средби, 2016.

Ќе има врачување на Големата Награда „Книжевна Далга“за 2016 на лауреатот Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – доделена од Советот на манифестацијата „Струшки книжевни средби“; Врачување на меѓународната награда „Струшко слово“ на Виолета Димова (Македонија) и Ѓорѓе Добре (Романија), доделена од Редакцијата на Ревијата за книжевност Бранувања. Реч за добитниците на наградата ќе имаат Христо Петрески и Тоде Илиевски.

Ќе се додели и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на поет од Македонија и од странство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука