Спорт

Португалија е новиот Европски шампион во фудбал

Марсеј,11. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Португалија ја освои титулата на 15-то Европско првенство, кое заврши синоќа.Португалците во финалето ја победија Франција со голот на Едер постигнат во 109-та минута од натпреварот,откако мечот во регуларниот дел заврши 0-0.

Португалците кои го играа своето второ финале на ЕП-а, ја освоија првата титула, додека Французите пропуштија да ја освојат третата титула, втора на домашен терен.

Потугалија по четириест години  успеа да ја победи Франција на големите натпреварувања, а победата е уште поголема бидејќи е постигната без Крстијано Роналдо, кој поради повреда натпреварот го заврши во 24-та минута. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука