Спорт

Марија Шарапова нема да учествува на ЛОИ во Рио де Жанеиро

Лозана ,12. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Судот за спортска арбитража во Лозана излезе со соопштение дека одлуката по жалбата на руската тенисерка Марија Шарапова ќе биде разгледана дури во септември.

Шарапова пред еден месец доби двегодишна суспензија, откако нејзините допинг примероци направени за време на Австралија Опен беа позитивни на забранетата супстанција мелдониум.

Со оваа одлука судот во Лозана стави крај на надежите на Шарапова,кој се надеваше дека ќе настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе започнат на 5. август. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука