Економија Охрид Струга

Објекти од Охрид, Струга и Вевчани опремени со енергетска ефикасност

Охрид/Струга, 14. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Досега во Југозападниот плански регион во седум јавни објекти од кои четири училишта и три детски градинки се подобрија условите за работа на 4.500 дирекни корисници, преку санација на покриви, замена на столарија, изолација на фасади и вградување системи за греење.

Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во општините Струга, Охрид, Кичево, Дебрца, Вевчани, Пласница и Центар-Жупа беа во фокусот на Југозападниот плански регион изминатава година, за што од централниот буџет се инвестирани 16,5 милиони денари.

Од Центарот за развој на Југозападниот плански регион за следната година најавуваат проекти, во кои акцент ќе биде ставен врз подобрувањето на комуналната, патната и туристичката инфраструктура во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука