Македонија

Нападнати даночни службеници на УЈП Штип

Штип, 25. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Штип даночни службеници од Регионалната дирекција Штип при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник.

Обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса согласно Законските процедури добил решение за присилна наплата, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип.

Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападнат даночена службеничка во Даночно одделение Куманово.

Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се употребуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионални должности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука