Избор Охрид

Метео: Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 9. степени

Охрид, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Ќе дув слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид до 9. степени.

– Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено утре. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука