Избор Охрид

Повторно зголемено нивото на водата во езерото, деновиве на кота од 694,00 м.н.в.

Охрид, 13. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро деновиве е на кота од околу 694,00 метри надморска височина, односно 25 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.

Според податоците на УХМР од крајот на минатиот месец, нивото на езерската вода беше на котата од 693,95 м.н.в, односно 20 сантиметри над максималната граница, што значи сега е покачено за пет сантиметри.

Колку се големи разликите во водостојот во Охридското Езеро, доволно покажуваат и фотографиите од архивата на OhridPress и Супер радио. Погледнете како изгледаше првата линија на езерото во јануари минатата година.

vodostojdekemvri2 vodostojjanuari1 vodostojjanuari2Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни. УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.

– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет, информираат од УХМР.со најава дека во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Денес се` уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а утре и задутре појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука