Избор Свет

Хрватска, Словенија и Црна Гора меѓу 40 најубави земји во светот

Лондон, 19. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Хрватска, Словенија и Црна Гора се наоѓаат меѓу 40 најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller“.

Овие три држави од регионот се нашле на листата заедно со некои најпопуларни светски дестинации, како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија.

Списанието ја опишало Хрватска како земја „со преубави пештери, брдовити полиња и бели песочни плажи“.

За Словенија пишува дека е земја која има различни понуди – од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.

А Црна Гора е опишана со зборовите на писателот Бајрон – „најубавата средба на земјата и морето“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука