Избор Спорт

Турнир во мал фудбал „Враништа 2015“

Охрид, 6. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалниот турнир во мал фудбал во Враништа ќе се одигра и оваа година.

Денес е последниот ден за пријавување на екипите кои сакаат да бидат дел од овој турнир. Пријавувањето е во продавницата „Косибо“, која е лоцирана во близина на спортскиот полигон во Враништа. Учеството изнесува 3 000 денари. Извлекувањето за распоредот на натпреварите на групите ќе биде денес со почеток во 20 часот во просториите на училишната зграда.

Почетокот на Турнирот во мал фудбал „Враништа 2015“ ќе биде во петок, 8-ми мај, со почеток во 20 часот. Во наредниот период ќе се играат натпреварите меѓу екипите, најавува организациониот одбор за организација „Враништа 2015“.

Додека финалниот натпревар ќе биде на 2-ри јуни, а по повод верскиот празник Свети Никола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука