Избор Охрид

Противпожарната територијална единица во Охрид го одбележува Денот на пожарникарите

Охрид, 20. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридската противпожарна единица денеска го одбележува 20-ти Мај, Денот на пожарникарите.

Бројни гости, претставници на институции и граѓани денес ќе ги посетат пожарникарите од противпожарната територијална единица во Охрид. Посетителите ќе им посакаат успешна работа, повеќе превентивни акции, а помалку случаи за решавање кои ги загрозуваат човечките животи.

Охридските пожарникари перманентно успешно ги вршат активностите во делот на заштита на пожарите. На територијата на Охрид и Дебрца во просек годишно се регистрираат над 150 пожари од помал или поголем обем.

Во пресрет на летниот период од охридската противпожарна единица апелираат граѓаните да бидат совесни кон животната околина. Дополнителни проблеми предизвикуваат летните суши, па така човечкиот фактор кој ќе предизвикува пожари, треба да се сведе на нула. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука