Спорт

Марк Гасол го пропушта ЕП во кошарка

Мадрид, 7. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишува “Марка“ Марк Гасол нема да го носи дресот на шпанската репрезентација на Европското првенство.Помладиот Гасол решил ова лето да го искористи за одмор и да ги прескокне обврските со репрезентацијата.

Шпанскиот селектор Серџо Скариоло во центарската линија ги има Пау Гасол, Виктор Клавер, Фелипе Рејес и Никола Миротиќ.

Марк Гасол важи за еден од најдобрите центри во НБА лигата, тој од 2008 година е во Мемфис, а минатата недела потпиша нов петгодишен договор вреден 108 милиони долари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука