Економија Избор Охрид

ОУ „Св. Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на подобрување на условите за работа, ОУ „Св. Климент Охридски“ деновиве доби уште една нова канцеларија и една училница.

– Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна. Набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во текот на изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една. Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, компанијата „Кармен Бауцентар“ и со сопствени средства на училиштето, информираат од ОУ „Св. Климент Охридски“.

svkliemntdonacija2Ова е само продолжение на успешните активности на раковоството на ова училиште за соработка со поголемите компании. Неодамна, во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ беше реализирана донација за ова охридско училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука