Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Марихуана и метадон пронајдени кај жител на струшко Радолишта

Струга, 2. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.М. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 4-ти септември 2019 година, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се 16 шишенца со раствор на метадoн и марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука