Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Темелно ќе се реконструира охридскиот студентски дом

Охрид, 20. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот студентски дом „Никола Карев“ е меѓу седумте вакви објекти во државата кои ќе се реконструираат со кредит во висина од сто милиони евра и грант во износ од 7,5 милиони евра, обезбедени преку германската КФВ банка.

Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови, како што рече министерот за образование Арбер Адеми, ќе почне да се реализира идната година и треба да заврши до 2024 година.

– Зборуваме за темелна реконструкција на објектите и нивно енергетско ефикасно подобрување. Замена на врати, прозорци, покривни конструкции, нови фасади, замена на електричната и водоводната инсталација, обнова на санитарните јазли и кујните, односно сѐ што е потребно за подобрување на условите во домовите, рече Адеми.

Станува збор за реконструкција на студентските домови во Охрид, Скопје, Прилеп, Битола и Штип. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука