Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Охрид го чествува ликот и делото на револуционерот, просветен и општествен деец Андон Кецкаров

Охрид, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со панихида и пригоден историски час, денеска кај неговото вечно почивалиште што се наоѓа на источната страна на црквата „Свети Константин и Елена“ беа  одбележани 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров.

На чествувањето за ликот и делото на Кецкаров зборуваше Д-р Никола Митровиќ- Бабе.

Андон Кецкаров  е роден во Охрид во 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30-ти јануари 1945 година.

Пригодните чествувања за првпат се организираа пред  спомен обележјето кое неодамна  беше соодветно реконструирано и уредено  од страна на општина Охрид и ЈП „ Градски гробишта“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука