Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид со минимален пораз од 0-1 од Мачва на стартот на подготовките за пролетната полусезона

Охрид, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските фудбалери со минимален пораз на првата контролна средба во рамки на подготовките за пролетната полусезона.

На теренот со вештачка трева со минимални 0-1 тие загубија од клубот Мачва Шабац од Србија.

Во зимскиот преоден рок редовите на Охрид Лихнидос се засилија со четворица фудбалери и еден чувар на мрежата.

Есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид Лихнидос го заврши на деветтото, претпоследно место на табелата. Клубот на чело со Бочески ќе има задача да го подобри впечатокот во пролетниот дел и да обезбедат опстанок во Втората лига. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука