Избор Култура ТОП ВЕСТИ

„Балканска 3а/2“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 28. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Балканска 3а/2“ на охридскиот народен театар вечерва повторно на репертоарот. 

Претставата е работена по текст на Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Станува збор за  трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење. Претставата воедно е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Вечерва започнува годинашната тетарска сезона на Охридскиот театар

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска и Филип Кипроски.

Претставата ќе се одигра на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука