ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Незгода со параглајдер во Охрид, леталото заврши на светилка на пешачката патека (Фото)

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, но и бројните гости кои утрово шетаа по пешачката патека беа сведоци на несекојдневната незгода со параглајдер.

Едно од овие летала, кои се редовен украс на небото над Охрид, денес заврши на светилка на пешачката патека.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до инцидентот во кој нема повредени лица.

Параглајдерите редовно слетуваат на тревата пред плажата „Куба Либре“ и се вистинска атракција, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука