Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро денес на кота од 693,66 м.н.в

Охрид, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро останува на просекот за овој месец.

Според денешните мерења на УХМР, водата е на кота од 693,66, што е идентично на просечното ниво за овој месец (693,66 м.н.в). Температурата на езерската вода е 15. степени.

Image may contain: text

Во Охрид денес имавме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладнево се очекува ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука