Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес умерено облачно и топло време со локален дожд попладне и температура до 26. степени

Охрид, 19. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Значителна промена на времето ќе има утре, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука