Избор Свет

Лос Анџелес ќе исклучува струја и вода во домовите каде ќе се одржуваат забави

Лос Анџелес, 6. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Властите на Лос Анџелес ќе започнат со исклучување на снабдувањето со струја и вода во домовите каде за време на пандемија се оддржуваат забави во кои учествуваат голем број луѓе, ова денеска го изјави градоначалникот на градот Ерик Гарсети. 

Гарсети истакна дека наредба од ваков тип е веќе одобрена во одделот за водни ресурси и енергеткика на градот и додаде дека мерката ќе важи од 7-ми август, со оглед на зголемениот број случаи на инфекции од коронавирус.  

-Гледаме извештаи за масовни забави и собирања кои ги нарушуват издадените укази за време на пандемијата. Овие активности станаа своевидни ноќни клубови, кажа градоначалникот за да ги објасни акциите на градот. 

Во изминатите 24 часа во Лос Анџелес се регистрирани повеќе од 2.300 нови потврдени случаи на COVID-19, со што вкупната бројка на ниво на градот сега е над 197.000 заразени. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука