Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата викендов во Охрид напиша десет казни за сообраќајни прекршоци

Охрид, 9. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, викендов реализира акциски контроли, со цел подигнување на сообраќајната безбеднсот во градот.

Полициските службеници регистрираа осум прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на моторни возила, еден прекршок сторен од моторциклист за неносење заштитна кацига (шлем) и еден возач на патнички автомобил кој управувал под дејство на алкохол, кој е исклучен од сообраќај.

При контролата во Охрид не се затекнати такси превозници кои вршат нелегален такси превоз на патници, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука