COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

За осум дена 243 новозаболени, 56 оздравени и 12 починати лица во Охрид

Охрид, 9. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на месецот заклучно со вчерашниот ден во Охрид се регистрирани 243 новозаболени лица од коронавирус.

Битката со вирусот ја добиле 56 пациенти. Во првите осум дена од ноември, освен на 7-и ноември, секојдневно се регистрирани починати лица, вкупно 12. Надлежните велат Охрид е меѓу градовите во кој двојно или тројно ја има зголемено бројката на активнии случаи во последните 15 дена.

Моментално активни се 423 случаи. Во соседна Струга има 195 активни, од вкупно 939 регистрирани случаи на заболени лица.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука