Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 10. степени

Охрид, 4. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 10. степени.

– Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Наутро понекаде по котлините ќе има појава на магла. Во овие денови ќе дува претежно јужен ветер кој во недела ќе биде умерен до повремено засилен и особено изразен во Повардарието. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст и ќе преовладува променливо облачно време повремено со сончеви периоди. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука