Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Поради минирање, денес од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Охрид, 4. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочан кај селото Врбјани, денеска ќе има привремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука