Свет

Евакуација во неколку американски држави поради торнадо

Оклахома Сити, 7. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Торнадо ги принуди властите да го затворат аеродромот во американскиот град Оклахома Сити и да ги евакуираат сите патници и персоналот.

Според нивните податоци, во југозападниот дел на Оклахома Сити турбулентните ветрови уништиле неколку станбени згради. Паднатите дрвја го отежнуваат движењето по некои од патните артерии на градот, а има информации и за неколку далноводи со прекинати врски.

Во Небраска жителите исто така се предупредени за опасност од торнадо. Во многу мали населени места има разурнувања од торнадо. Во моментов локалните власти прават проценка на штетите од стихијата во Оклахома и Небраска. (Крај)

извор: Ројтерс фото: Ројтерс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука