Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЛИДЛ влегува во Македонија, првата продавница ќе се отвори во Охрид?

Скопје/Охрид, 7. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир ЛИДЛ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на ЛИДЛ.

Неофицијално, ЛИДЛ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.

Според порталот, интересот на компанијата за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Македонија, но и од Косово. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука