ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската противпожарна единица годинава имала 132 интервенции за гаснење пожар

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридската територијална противпожарна единица по традиција, денес го одбележува 20-ти мај, Денот на пожарникарите и пожарникарството.

Имаа кратка обиколка со возилата околу централното градско подрачје, а честитките по повод денешниот ден и овојпат беа со желба пожарникарите да имаат помалку работа, да има помалку пожари и помалку активности на терен.

https://www.youtube.com/watch?fbclid=IwAR1MLZ2xqoe7gDMzCBmWcaw1xIFouRGJLUbgPF4MZI1u6tAhq8orXWAyE70&v=w2KYLsdkpck&feature=youtu.be

Од почетокот на годинава заклучно со денес имаме 132 интервенции за гаснење на пожар и плус 39 технички интервенции што се во доменот на нашето работење, а согласно потртеби на граѓаните и на институциите, вели за Супер радио и OhridPress командирот на територијална противпожарна единица Спасе Прентоски.

– Значи во овој период имаме вкупно 171 интервенција, споредбено со овој перидо лани приближно е исто. Минатата година имавме124 интервенции на отворен простор и 37 технички интервенции. Во текот на цела 2020 година имавме 272 интервенции, од кои 124 на објекти, 126 на отворен простор, а 22 на сообраќајни средства. За оваа година, од почетокот имаме 76 интервенции на објекти, 48 на отворен простор и 9 на сособраќајни средства. Ние го покриваме и подрачјето на Дебрца и по потреба на повик во Струга, Ресен, Кичево, Дебар, вршиме асистенција при интервенции на гаснење пожар од било кој вид. Досега имавме една асистенција во Струга на гаснење објект во Велешта, а во Дебрца имаме четири интервенции на објекти, девет на отворен простор и три на сообраќајни средства. За нас пандемиската година не важеше пожари имаше, повеќе луѓето беа во домовите, користеа грејни тела од различни видови, потенцира Прентоски.

Нема достапен опис

Во однос на корона пандемијата во противпожарната единица немало заразени меѓу вработените, а сега веќе сите се вакцинирани.

– Во овој период кога се вели да не се групираме, ние овде работиме во стеснет простор, во три простории, каде во смена се 8-10 работници, во зима нема каде да се раздвоиме, за среќа немавме заразени, рече Прентоски.

Што се однесува до опременоста, охридската противпожарна единица моментално има шест возила, но сепак староста си го прави своето, па Прентоски потенцира дека потребно е да се набават понови возила, независно на кој начин.

– Потребно е да се навабат нови возила независно како, најмалку едно навално и едно пратечко со најмалку 8 тони вода. Сегашните возила ни се просечно стари над 35 години, па да не се доведеме во ситуација да колабрираме за потреба од техничка опрама, превозни средства, се надевам тоа ќе се случи во најското време. Во очекување сме, пред неколку години е договрена донација на едно протвпожарно возило на град Охрид за наши потреби од Владата на Турција, но поради пандемијата таа донација не изостана, но се пролонгира. Веќе две возила ги расходовавме, за Здружението ЕКО ФАП. Истите во дадена ситуација беа и атракција во летниот период, а ние можем да речам дека и ни беше срам кога одевме на интервенција, но сепак беа добри за нашите потреби, рече Прентоски.

Денот на пожарникарството во Република Македонија традиционално секоја година се одбележува на 20-ти мај. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука