COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

7 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица од Охрид

Скопје, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, при што се регистрирани 7 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје  7

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41, 54, 58, 79, 81, 84 и 86 години), по 3 лица од Тетово (69, 72 и 81 години) и Гостивар (68, 68 и 77 години), 2 лица од Прилеп (80 и 90 години) и по едно лице од Виница (76 години), Македонска Каменица (77 години) и Дебар (92 години).

Регистрирани се 71 оздравени пациенти од:

• Скопје 18
• Куманово 15
• Битола 8
• Велес 4
• Штип, Кочани и Пробиштип по 3
• Кичево, Радовиш, Делчево и Виница по 2
• Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука