Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид спроведе засилени контроли, казнети 20 возачи во Охрид и 29 во Струга

Охрид, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти мај 2021 година, од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа реализирани засилени акциски сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници санкционирале 87 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 20, Струга 29, Кичево 15 и Дебар 23). Од нив, 39 возачи, ја пречекориле брзината надвижење во населено место (Охрид 12, Струга 12, Кичево 13 и Дебар 2) додека, 48 возачи управувале автомобил со поголема брзина од пропишаната, надвор од населено место (Охрид 8, Струга 17, Кичево 2 и Дебар 21). Акциските контроли во сообраќајот ќе бидат интензивирани во пресрет на туристичката сезона, со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука