Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Тројца охридски ракометари на списокот на Лазаров за натпреварите со Србија

Скопје, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Тројца ракометари на ГРК Охрид се најдоа на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за двата пријателски натпреари против Србија.

Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ и Мартин Ивановски ќе бидат дел од Б репрезентацијата на контролните средби, при што ќе ќе добијат шанса да покажат дали имаат репрезентативен квалитет во себе.

Натпреварите ќе се одиграат на 19-ти и 20-ти јуни, кога Македонија ќе гостува во Ниш.

Инаку Македонија обезбеди настап на следното Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот од 2022 година. Македонија е во групата „А“ со Словенија, Данска и Црна Гора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука