Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од 1-ви јули се укинува роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Скопје, 28. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека разговорите на мобилен ако сте во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово или Босна и Херцеговина ќе ве чинат исто како да не сте ја преминале границата.

Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Конечно кога ќе ја преминувате границата нема да мора да се грижите и да брзате да го исклучите интернетот бидејќи и ќе користите по исти цени како да сте дома. Останува да се грижите единствено дали во е доволно полна батеријата. Токму со ова мото само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен на први јули во Отешево ќе се одржи промотивен концерт на познати групи и диџеи од сите земји од западен Балкан со кој ќе се означи почетокот на евтините разговори и можностите за поголема соработка помеѓу земјите од западен Балкан и европската унија

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот почнува од четврток.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука