ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пад од два сантиметри бележи нивото на водата во Охридското Езеро

Охрид, 28. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пад од два сантиметри за три дена бележи нивото на водата во Охридското Езеро. 

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,52 м.н.в, што е за 15 сантиметри под месечниот просек (693,67 м.н.в) и 42 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Нема опис за фотографијата.

Можно е да е слика од текст кој вели „3emлoAeлcTBo ynpaBa xиApomeTeopoлowKи pa6oTи- HeAeлHa Ta6eлa cTaHиua peKa cm 22.06.21 23.06.21 иHфopmauилa npиpoAHиTe e3epa 07:30 4acoT 24.06.21 25.06.21 BapAap 27.06.21 A.Kanилa 6poA 28.06.21 35 122 19 rpecKa 50 116 19 40 120 30 25 40 20 neлиHue n4иHa 45 115 114 20 HA 18 70 38 64 70 peKa 62 34 69 58 caTecKa 32 Ta6eлa BoAocToи 30 140 -12 07:30 147.08 147.08 842.56 842.56 Ta6eлa 147.06 842.56 BoAa 22.8 3.AopaH HaKoлeu e3.npecna oxpиA e3.oxpиA 693.53 и3mepeHи 07:30 4acoT 23.0 23.4 23.8 19.7 20.0 23.0 22.0 23.0 25.0 20.5 25.0 20.5 24.5 24.2 20.5 24.5 и3pa6oTил: HA 19.8 AиpeKTop“

Минатиот месец водостојот порасна за осум сантиметри, а сегашната кота е како на почетокот на јуни. Високите дневни температури, пак, ја стоплија езерската вода, па сега е за скоро пет степени потопла од јунскиот просек и изнесува 24,5 степени.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Продолжува периодот на сончево и многу топло време, од утре до четврток повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука