ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Протест во Охрид против „мерките за одземање на основните човекови права и слободи“

Охрид, 15. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се’ побројни се повиците на социјалните мрежи за протест, кој според најавите ќе се одржи вечерва на Градскиот плоштад во Охрид против „мерките за одземање на основните човекови права и слободи“.

– Сите вие кои што се чувствувате обесправени од овие наметнати фашизоидни мерки што се косат со сите граници на демократија и човечки слободи, сега е моментот тоа и конечно да го покажете. Доста седевме дома и глумевме отпор со пишување статуси и споделување слики. Време е да дадеме активен отпор во овие неподносливи времиња. Вакцинирани, невакцинирани, сите заедно, затоа што ако сега мирно потклекнеме, само ќе потврдиме дека натаму можат да прават што сакаат со нас, без да мрднеме со прст, ќе сме подолу и од овци. Нашето тело е наше лично право!!! Доста со двојните аршини… време е да се свестиме, размислете логички и со своја глава. Скоро две години разноразни експерименти поминаа, сите безуспешни (верувам за нив успешни), во името на „наша заштита“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.

Протестот ќе започне во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука