ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарен концерт за помош на 12-годишниот Јован Андреески во Охрид

Охрид, 15. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани повторно иницираат бројни акции за помош на 12-годишниот Јован Андреески од Охрид да се избори со тешката повреда, скршен 5-ти вратен пршлен.

На иницијатива на Општина Охрид вечерва, со почеток во 20:00 часот, се организира концерт со хуманитарен карактер со цел да се помогне за понатамошното лекување на Јован. Концертот ќе се одржи на малиот плоштад кај Долна Порта, а на него ќе настапат бројни охридски уметници меѓу кои и Ѓоко Танески, групите Le Trick и Камелеон и Никола Тодороски.

Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат во рамките на своите можности, тоа можат да го сторат на некој од следните начини:

Броеви за донација;
A1 – 143 460
Телеком – 143 117

Хуманитарна жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна хуманитарна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука