Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средовечно лице почина на плажа во Охрид, министерот Филипче го реанимираше, но беше предоцна

Охрид, 15. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Немил настан се случи вчера попладне на плажата пред хотелот „Метропол“ во Охрид каде почина средовечен маж, според првичните информации од срцев удар.

Порталот Охрид 1 јави дека безживотното тело на човекот било извадено од водите на Охридското Езеро, а на снимката се гледа како на помош пристигнал и министерот за здравство Венко Филипче, кој бил во непосредна близина и присуствувал на свеченото отворање на Европскиот маратон во пливање.

Филипче се обидел да го реанимира лицето, кој било на возраст од 70-тина години, но за жал веќе било предоцна да се спаси. (Крај)

извор: Охрид1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука