Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Марк Антоан Оливер од Франција е победник на ЛЕН – Европскиот Куп Охрид 2021 во пливање

Охрид, 15. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Марк Антоан Оливер од Франција е победник на ЛЕН – Европскиот Куп 2021 во пливање, кој вчера се одржа во Охрид.

На стартот на трката во олимписка дисциплина на 10 километри се појавија 19 пливачи во машка и девет натпреварувачки во женска конкуренција. Тие пливаа седум круга на кружната патека пред хотелот „Метропол“.

Натпреварот се одржа во организација на Пливачката федерација на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ПФМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука