Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 21. степени

Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој ќе продолжи и утре. Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, и некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. За време на викендот повторно ќе има пораст на температурите, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука