Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва започнува есента

Скопје/Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во 21:21 часот, започнува есента во земјава и на северната хемисфера. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 06 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Есента ќе трае 89 дена, до 21-ви декември во 20 часот и 38 минути, кога календарски започнува зимата.

На првиот есенски ден времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој ќе продолжи и утре. Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, и некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. За време на викендот повторно ќе има пораст на температурите, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука