Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Европската недела на спортот денеска ќе се одбележи во Охрид

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“, денеска во Охрид ќе се одбележи Европската недела на спортот.

Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден.

– Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да продолжиме да го подобруваме и промовираме спортот. Ден за сите, дојдете и придружете ни се во прекрасниот Охрид и активирајте се со нас, вели Борис Џутески локален координатор на Европска недела на спортот во Охрид.

Настанот ќе се одржи денеска напладне на Градскиот кеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука