Охрид, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид претставува ризница на културни, традиционални, историски и религиски вредности, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.
– Охрид е центар на многу меѓународни манифестации, национални културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции. Уникатните вредности на градот ни даваат насока и обврска за културен ефект во секоја активност којашто ја цениме како промотор на градот, зголемување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. За културен блесок на Охрид гарантираме: Меѓународна културна промоција на градот преку поддршка на културни и верски манифестации. Продолжување на традицијата и негување на верските обичаи. Поддршка на издавачка, музичка, литературна, театарска, филмска и друга сценска дејност. Заокружи 7 за Култура за сите! 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива