Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Албанија, баран од Интерпол приведен на „Ќафасан“

Струга, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти октомври 2021 година, во 15:15 часот од полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ бил лишен од слобода 53-годишниот А.Л. од Aлбанија.

– По извршени проверки во службената евиденција било констатирано дека А.Л. е со мерка „апси“, по распишана потерница на барање на Интерпол Италија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука