Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 8. степени

Охрид, 14. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во среда ќе има слаб локален дожд и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Од средината на неделата дневната температура ќе биде во позначителен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука