Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во семејна куќа на улицата „Дејан Војвода“

Охрид, 13. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пожар ибувна нешто после 16:00 часот во семејна куќа на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид.

Пожарот беше итно саниран од екипа на охридската противпожарна единица, која интервенираше со едно возило.

Неофицијално, пожарот избувнал од плинска боца, која се користела за греење, по што се проширил.

Денешниот пожар доаѓа само еден ден по вчерашниот, кога избувна пожар во куќа на улицата „Петар Поп Арсов“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука