Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во водите на Охридското Езеро пронајдени и одземени рибарски мрежи со должина од 1.000 метри (Видео)

Охрид, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 10-ти до 13-ти февруари 2022 година, припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид.

– Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела. Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1.000 метри, информираат од МВР.

Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. (Крај)

извор: МВР фото/видео: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука